вторник, 22 октомври 2024

После Струга и Дебар и во Штип нема вода за пиење

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните во високите зони на Штип немаат вода веќе над 24 часа. Станува збор за населбите Пребег, Баби, Три Чешми, Карорман  и индустрискиот дел на градот.

Според соопштението на ЈП „Исар“, причината што населението од високите зони немаат вода за пиење е тестирање на системот за ултрафилтрација.

Граѓаните од населбите во високите зони во Штип со техничка вода се обезбедуваат преку цистерни.

м

Штипското комунално претпријатие на фејсбук ги извести граѓаните во кој термин и на која локација можат да наполнат шишиња и садови со вода.

На сред лето вода за пиење нема и во Струга и Дебар по што надлежните беа приморани да воведат рестрикции во употребата на вода. А земјдолеците од светиниколско и карбинско протестираа поради недостиг на вода за наводнување на нивите.

За доцна попладнето најавена е и прес-конференција на директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ