сабота, 26 октомври 2024

После ЕБОР, Бесими на состанок со КФВ банка за да договори нови пари за енергетиката

Објавено на

часот

Сподели

На средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими со директорот на Секторот за Југоисточна Европа и Турција во КфВ, Клаус Милер било разговарано за тековното портфолио на проекти, како и идната соработка со банката.

Тековно КФВ финансира проекти во вредност од речиси 200 милиони евра, соопштија од МФ.

Станува збор за програмата за наводнување на Македонија во вредност од 80 милиони евра, ревитализација на хидроелектрани во вредност од 25 милиони евра, втора фаза од Ветерниот парк во Богданци со 18 милиони евра поддршка од КфВ банка, спроведување топлификација на Битола со 39 милиони евра од КФВ, енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во износ од 20 милиони евра и други.

„Поддршката која ја добиваме од КФВ банка за нас е од големо значење, а во моментов особено е значајна поддршката во секторот енергетика, која очекуваме да продолжи со уште поголемо темпо во иднина“, истакна министерот Бесими.

Од КФВ банка, соопштија од МФ исто така ја поздравиле досегашната и изразиле интерес за идна соработка, претежно во делот на енергетиката и одржливи извори на енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ