петок, 18 октомври 2024

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Еди Рама

Објавено на

часот

Сподели

За сообраќај ќе бидат затворени булеварите Александар Македонски, Гоце Делчев и Климент Охридски, улиците Беласица, Митрополит Теодосиј Гологанов и Орце Николов, како и дел од улицата Франклин Рузвелт.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе го пречека албанскиот премиер Еди Рама пред платото на Владата со највисоки државни почести. По средбата во Владата, двајцата премиери ќе одржат прес-конференција.

За време на посетата на Скопје, Рама се очекува да оствари средби и со други политички чинители.

По Скопје, Рама заминува за Приштина каде што ќе се сретне само со претседателката на Косово Вјоса Османи, откако премиерот Албин Курти одби средба со него. Потоа Рама ќе го посети и Сараево каде што ќе има средба со претседавачката со Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.

Балканската турнеја албанскиот премиер ќе ја заокружи со посети на Подгорица и Белград и средби со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и со српскиот претседател Александар Вучиќ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ