недела, 27 октомври 2024

Португалските лекари штрајкуваат 48 часа за подобри плати

Јавните здравствени служби во Португалија вчера беа во хаос, на првиот ден од 48-часовниот штрајк на лекарите, кои имаат намера да ја притиснат владата да преговара за зголемување на платите.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Националната федерација на лекари (Фнам), од вчера штрајкуваат 70 отсто од околу 31.000 лекари.

„Тоа е доста голем број и го претставува револтот што го чувствуваат лекарите“, изјави за тамошните медиуми претседателката на Фнам, Жоана Бордало.

Вчера беше поставена минимална услуга, која им овозможува на државните болници да обезбедат итна помош.

Штрајкувачите одбиваат да го одложат повторното преговарање за платите до 2025 година, како што предложи Владата, и бараат подобри услови за работа за да се спречи лекарите да ја напуштат државната служба и да преминат во приватниот сектор, зголемувајќи го товарот за оние што останале и каде што веќе има недостиг од кадар.

Откако дојде на власт по предвремените парламентарни избори минатиот март, новата умерена десничарска малцинска влада мораше да одговори на барањата на неколку категории државни службеници.

На тој начин, извршната власт на премиерот Луиш Монтенегро постигна договор со воспитувачите, судските службеници и полицијата, но сега треба да преговара со лекарите и медицинските сестри, како и со војската.

За покачување на платите се мобилизирани и железничарите, кои денеска планираат нов штрајк, по прекинот на работата во понеделникот и на 28 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ