среда, 23 октомври 2024

Портпаролка на НАТО: Повеќе од 500.000 војници се во зголемена готовност

Портпаролката на НАТО Фарах Далалах изјави дека од 2014 година, Алијансата ја претрпе најзначајната трансформација во својата колективна одбрана во една генерација, наведувајќи дека 500.000 војници моментално се во состојба на зголемена готовност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ги имплементиравме најсеопфатните одбранбени планови од Студената војна, со повеќе од 500.000 војници во моментов во состојба на готовност“, изјави таа за Си-ен-ен.

Таа изјави дека е важно сојузниците да продолжат да имаат способни вооружени сили за заштита на територијата и населението на Алијансата.

Далалах додаде дека начинот на регрутирање и обука на воениот персонал е одлука на поединечни земји и дека околу една третина од членките на НАТО имаат некаква форма на задолжителна воена служба, но дека НАТО како Алијанса не пропишува задолжителна воена служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ