сабота, 26 октомври 2024

Поразувачка статистика на Уницеф: Убиени се 13.000 деца во Појасот Газа

Повеќе од 13.000 деца се убиени во Појасот Газа од почетокот на офанзивата на Израел, соопшти денес Фондот на Обединетите нации за деца (Уницеф).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Уницеф наведува дека голем број палестински деца во Газа патат од тешка неухранетост.

Извршната директорка на Уницеф Кетрин Расел кажа денес дека во конфликтот во Појасот Газа е забележана речиси најголема стапка на смртност меѓу децата од сите конфликти во светот, пренесува Ројтерс.

Расел истакна дека за време на посетата на болниците во кои се сместени палестинските деца кои патат од тешка неухранетост се уверила дека бебињата и децата се толку изнемоштени што немаат сила ни да плачат.

Расел истакна дека постојат многу големи бирократски проблеми кога станува збор за доставување хуманитарна помош во Газа со камиони.

Меѓународните критики на сметка на Израел засилија поради големиот број цивили убиени во Појасот Газа, поради тоа што Палестинците во енклавата се на раб на изгладнување и поради наводното блокирање на испораките на хуманитарна помош, што Израел го негира, пренесува Ројтерс.

Обединетите нации соопштија во саботата дека во северниот дел на Појасот газа секое трето дете на возраст до две години е акутно неухрането.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ