вторник, 22 октомври 2024

Поранешниот вицепремиер Анѓушев ставен на „црната листа“ на САД

Поранешниот вицепремиер на Македонија Кочо Анѓушев е генерално неподобен за влез во Соединетите држави (САД), поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.

„Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“, објавено е на веб страницата на американскиот Стејт департмент.

На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко заедно со неговата сопруга Шпреса и трите нивни деца Генц, Назмије и Дренуше, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина. Од претходно, непожелни за САД станаа и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Освен овие  на „црната листа“ на САД се и македонските фирми Бет сити интернешнал, Камчев Консалтинг, Орка Финанс, Орка Холдинг, Систина лајф кеар центар и Сајтрокс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ