понеделник, 21 октомври 2024

Поранешниот директор на Онкологија и уште двајца лекари ослободени од обвинението за смртта на пациент

Основниот кривичен суд Скопје денеска ги ослободи од обвинение поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев за несовесно работење во службата и двајцата доктори, Игор Стојковски и Марија Симоновски по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година. 

Објавено на

часот

Сподели

Судијката Славица Наумовски, на изрекувањето на пресудата рече дека обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнеените докази во текот на потапката не се докажало делото за кое што се обвинети.

„Јавниот обвинител во текот на судењето не успеа да го докаже точното време на извршување на делото и начинот на кое е извршено, рече судијката Наумовска.

Трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а незадоволните странки имаат право на жалба. 

Првообвинетиот Васев, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, во изјава за медиумите по објавувањето на пресудата најави жалба пред второстепениот суд и рече дека тврдела и ќе продолжи да тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.

„Тоа што го сториле обвинетите и тоа што треба да извлече поука целиот докторски персонал што работи со пациенти на Онкологија, е дека на овие пациенти им е потребна заштита согласно два закони – Закон за здравствена заштита и Закон за заштита на права на пациенти. Тие имаат точно определени права кои што им следуваат и се однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, третман, однос на лекари кои што ќе име внесе доверба дека се во сигурни раце и дека можат да очекуваат продолжување со медицинска заштита на нивниот живот. Тоа не го добил овој пациент, кој што е починат во многу тешки услови и околности и заради тоа сметавме дека е сторено кривично дело“, изјави Раичевиќ.

Предмет почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.  

Според обивнението, Васев  како директор на Онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку за лекувањето на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што три месеци на пацинетот не му препишувале терапија, а здравствена состојба му се влошила, по што пациентот починал во јануари 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ