вторник, 22 октомври 2024
Заменик министерот за одбрана разгледува едно прашање

Поранешни борци на УЧК имаат проблем да добијат безбедносен сертификати, вели Јајага

Објавено на

часот

Сподели

„Многу вработени во Министерството за одбрана, војници но и на други позиции ни пишаа дека не можат да добијат безбедносен сертификат поради нивното минато. Има и такви кои беа и членови на ОВК“, вели Јајага за ТВ Клан.

Заменик министерот за одбрана вели дека тоа прашање го покренал на највисоко ниво во државните институци, како и во партиски рамки (ДУИ).

„При тоа напоменав дека доколку прашањето за сертификатите не се реши во блиска иднина. ова ќе претставува голем проблем во иднина. Армијата е дел од НАТО, па без сертификат ни се многу мали шансите“, изјави Јајага.

Според него, сомнежите во поединци се дури и банални.

Д

„Но, тие немаат пристап до нивните досиеја, други институции имаат пристап. Она што можам да го кажам е дека вреди повторно да се разгледаат тие случаи“, кажа заменик министерот.

Тој признава дека е мал интересот кај Албанците да станат дел од Армијата, иако условите се добри и мининалната плата во Министерството за одбрана, оттаму и за војниците, е над 700 евра.

На последниот конкурс на воената академија, како што објави КланМ, од 43 примени кандидати само двајца се Албанци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ