Според обвинителството Беќја, додека бил директор на државната агенција за стратегиски програми направил „коруптивна шема“ за да дојде до пари преку фиктивни тендери.
Уапсени се и неговите соработници Ермал Кертулај и Алфред Најкола.
Албанските медиуми пишуваат дека Беќај, додека ја водел агенцијата, организирал најмалку осум тендери за услуги на два собири во 2023 кои не биле предмет на редовна постапка за набавка, туку победникот бил договорен однапред, а постапката за набавка била фиктивна, спроведена само за прибавување документација и спроведување на плаќање.
„Преку угостителски објект, чиј фактички сопственик е Беќај, но како сопственик фигурирала друга личност, само во еден случај за одржување конференција се потрошени 125.000 евра, а во друг за вечера 40.000 евра. Постојат цврсти докази дека перел пари преку ресторанот“, пишуваат албанските медиуми повикувајќи се на специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција.
56-годишниот Беќај бил министер за здравство на Албанија од 2013 до 2017 година во владата на премиерот Еди Рама.