четврток, 24 октомври 2024

Поранешен американски специјалец: Трамп е жив само поради лошиот ветер

Поранешниот офицер на американските специјални сили Нејви силс Ерик Принс коментираше на Икс за атентатот врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По вчерашната трагедија во Пенсилванија, сите можеме да препознаеме дека како Американци, нашата неодговорна бирократија продолжува да нè изневерува.

Доналд Трамп е жив денес исклучиво благодарение на лошиот ветер погрешно проценет од злобниот убиец. Како што покажуваат графиконите, ветер со брзина од само 8 километри на час бил доволен за да се придвижи веројатно многу лесниот куршум од 3,5 грама. Тоа што Тајната служба дозволила напаѓач вооружен со пушка на 200 метри од планираниот настан е или злонамерност или голема неспособност.

Јасно е дека имаше соодветен неконтролиран простор за атентаторот да се помести во позиција и да испука повеќе истрели. Снајперистот го оддалечи лицето од пушката наместо да ја заврши работата и да го убие напаѓачот. Јасно е дека гледале во напаѓачот, но очигледно не реагирале први. Кога одговориле, атентаторот веќе испукал најмалку 5 куршуми, ранувајќи го Трамп и убивајќи едно лице. Очигледно, Тајната служба не успеа во основите на обезбедувањето на областа и откако беа испукани истрелите, нивното извлекување беше несмасно и го остави Трамп доста изложен.

Ќе има ли одговорност? Така не се прават работите во Вашингтон. Несериозни и недостојни луѓе на власт за малку нè доведоа до катастрофа. Заслугите мора да бидат единствениот одлучувачки фактор при вработувањето, а за жал тоа не е случај во Вашингтон. Трамп е во право што ја доведува во прашање компетентноста на оние кои го штитат бидејќи вчера потфрлија речиси во секој поглед“, напиша меѓу другото Принс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ