сабота, 19 октомври 2024

Попусти до 70% во Дајмонд мол до доцна навечер

Шопинг и забава во доцните вечерни часови на 19 и 20 јули во Дајмонд мол. Посетителите ќе можат да ги искористат атрактивните попусти, кои се движат и до 70 проценти, како и да уживаат во специјалната понуда на храна и пијалаци во рестораните и кафулињата на Гурмет авенијата.

Објавено на

часот

Сподели

За време на дводневниот Лејт најт попинг (Late Night Shopping) продавниците ќе работат до 23 часот, а во петок, на 19 јули, има и дополнителна причина за посета. Тоа е настапот на бендот Поп арт на Гурмет авенија, кој ќе започне во 21 часот.

Дајмонд мол им овозможува на посетителите да уживаат во несекојдневни искуства и им нуди одлично шопинг доживување, со ексклузивни попусти и понуда, како и со можност да се забавуваат со музика и уникатна храна во Gourmet Avenue.

Трговскиот центар Дајмонд мол се базира на уникатен концепт кој обединува богата понуда на привлечни брендови, можности за уникатно гастрономско искуство во Gourmet Avenue, како и првиот и најголем центар за забава и едукација Dream Zone, наменет за деца од сите возрасти.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ