петок, 18 октомври 2024

Попоски: Очекуваме посилна поддршка од САД

Објавено на

часот

Сподели

Вакви очекувања му пренел Никола Попоски, министер за надворешни работи, на Филип Рикер, заменик-помошник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, надлежен за европски и евроазиски прашања. Рикер престојува во земјава во рамките на посетата на регионот.

На средбата, како што соопшти МНР, биле разменети мислења за сите актуелни прашања од заеднички интерес, особено насоките за натамошен развој на билатералните односи меѓу двете земји, за состојбите во регионот на Југоисточна Европа, како и за евроатлантските интегративни процеси на Република Македонија.

Во однос на пресудата од Меѓународниот суд на правдата (МСП), министерот Попоски се заложил за почитување на принципите на меѓународното право и ја повторил посветеноста на Македонија за решавање на спорот со Грција преку активно и конструктивно учество во преговорите под покровителство на ООН.

Рикер, поздравувајќи го конструктивното однесување на земјава по пресудата на МСП, изразил очекување дека пресудата ќе претставува поттик за двете страни да најдат заемно прифатливо решение за спорот околу името.

Заменик-помошникот државен секретар, се вели во соопштението на МНР, го истакнал задоволството од одличните билатерални односи меѓу двете пријателски земји и го реафирмирал ставот за цврста поддршка на САД за евроатлантската интеграција на нашата држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ