петок, 25 октомври 2024

Поплавен југот на Германија, количина на дожд што паѓа еднаш во векот (ФОТО+ВИДЕО)

Според прелиминарните податоци на Германската метеоролошка служба (ДВД) во неколку области во јужна Германија во последниве денови имало врнежи кои обично се случуваат само еднаш во 50 до 100 години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обилните дождови и големите поплави во двете најјужни германски покраини со денови предизвикуваат големи тешкотии, а десетици илјади членови на службите за итни случаи континуирано се на терен од петокот навечер.

Илјадници луѓе беа евакуирани во текот на изминатите неколку дена, а се очекува и повеќе да ги напуштат своите домови поради обилните дождови што ја погодија јужна Германија, и кои предизвикаа реките да надојдат.

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а најмалку еден пожарникар сè уште се води како исчезнат. Метеорологот на ДВД, Томас Дојчландер, рече дека врнежите може да се опишат како настан што се случува еднаш во векот и дека се „секако невообичаени, но не и сосема вонредни“.

„Сè уште е привремено, сè уште треба да ги провериме податоците“, рече Дојчландер, додавајќи дека понекогаш станиците не успеваат или мерењата биле премногу ниски.

Вкупно околу 20 до 30 мерни станици во јужна Германија покажаа исклучително високи нивоа на водата.

Некои екстремни вредности се поврзани со врнежи во еден ден, додека други се поврзани со врнежи во текот на три последователни дена, објасни Дојчландер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ