петок, 22 ноември 2024

Полскиот премиер: Постои реален ризик од глобален конфликт

Неодамнешните настани покажуваат дека постои реална опасност од избивање глобален конфликт, кажа денес полскиот премиер Доналд Туск, откако Русија вчера испука хиперсонична интерконтинентална ракета со среден дострел во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Војната на истокот влегува во одлучувачка фаза, чувствуваме дека се приближува непознатото“, кажа Туск, а пренесува Ројтерс.

„Конфликтот добива драматични размери. Неодамнешните настани покажаа дека заканата е сериозна и реална кога станува збор за глобален конфликт“, кажа тој.

Полска, која граничи со Украина и Белорусија, како и со руската ексклава Калининград, постојано бара од членките на НАТО да трошат повеќе за вооружување, а самата ќе издвои 4,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за јакнење на својата војска следната година.

Москва вчера порача дека новата американска ракета база во северна Полска ќе предизвика зголемување на новото на нуклеарна опасност, а Варшава, пак, тврди дека „заканите“ од Москва само ги јакнат аргументите за вооружување на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ