петок, 6 декември 2024

Австрија го повлече ветото на пристапувањето на Романија и Бугарија во Шенген

Австрија се согласи да го повлече своето долгогодишно вето на пристапувањето на Романија и Бугарија во Шенгенската зона на слободно движење, кон што двете источноевропски земји со години тежнеат. Овој чекор е објавен денес попладне, за време на состанокот во Будимпешта организиран од унгарското претседателство со Советот на ЕУ, со учество на министрите за внатрешни работи на Романија, Бугарија и Австрија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тројцата министри потпишаа заеднички договор кој ќе го отвори патот за полноправно членство во Шенген, изјави унгарскиот портпарол. Практично тоа значи укинување на граничните контроли на копнените граници, што остана последна пречка. На почетокот на оваа година беа укинати контролите на морските и воздушните граници како прва отстапка на Виена.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен ја поздрави оваа вест кажувајќи дека Романија и Бугарија „целосно припаѓаат“ на Шенген зоната. „Нека 2025 ја направи Шенген зоната посилна“, порача Фон дер Лаен. Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола исто така изрази задоволство порачувајќи дека посилен Шенген значи посилна Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ