недела, 20 октомври 2024

Полска тенисерка е првата пречка за Ѓорческа во квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја доби противничката за првото коло од квалификациите на Австралија опен, се работи за Катарина Кава од Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Првата пречка на Ѓорческа во квалификациите од Австралија опен ќе биде Катарина Кава која е рангирана на 197 место на ВТА листата. Македонската тенисерка е на 212 позиција во моментов.

Мечот меѓу Ѓорческа и Кава ќе се игра во утринските часови во вторник по македонско време.

Лина има високи цели за новата сезона, сака да настапи на сите четири грен слем турнири и да се обиде да го подобри нејзиниот најдобар пласман на ВТА листата кој беше 170. место во 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ