четврток, 31 октомври 2024

Полска сака да бара репарации од Русија за „штетата што ѝ ја нанесе СССР“

Објавено на

часот

Сподели

„Институтот за воени прашања работи на тоа и тоа треба да биде суштински документ што ќе го покаже и аспектот на окупацијата и демонтирањето на фабриките, последователната експлоатација на полската држава и неповолните договори за јаглен. Работиме на тоа и тој документ ќе биде направен“, рече Муљарчик.

Полскиот дипломат во Германија ќе одржи средба со германски пратеници на која ќе го претстави мислењето на Варшава дека е неопходно на Полска да ѝ се исплатат репарации за штетата во Втората светска војна во износ од околу 1.300 до 1.500 милијарди долари.

Министерството за надворешни работи на Полска во октомври 2022 година објави дека ќе бара од Русија репарации за предизвиканата штета, за која верува дека е предизвикана од Советскиот Сојуз.

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, на 21 мај изјави дека Полска треба да ги врати териториите што ги освои во Втората светска војна и да ѝ ги надомести Москва средствата што ги потрошила на неа за време на воените години и по војната.

Тој истакна дека една третина од сегашните полски територии и региони со развиена инфраструктура, индустриски компании и природни ресурси станале дел од Полска по Втората светска војна само благодарение на Советскиот Сојуз.

Според неговите зборови, советскиот народ во периодот по војната за обнова и развој на Полска според денешните процени потрошил повеќе од 750 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ