среда, 30 октомври 2024

Полска од ЕУ бара ограничување на работата на украинските камионски превозници

Полскиот премиер побара повторно воведување на системот на европски дозволи за да се регулира работата на украинските камионски превозници кои им ја земаат работата на полските и создаваат застои на границите на полска поради што полските камионџии протестираат со блокада на граничните премини.

Објавено на

часот

Сподели

„Европскиот систем функционираше до пролетта 2022 и тоа добро, а потоа го измени Европската комисија и денес превозниците ја блокираат границата“, им кажа премиерот Матеуш Моравјецки на новинарите.

Од почетокот на украинскиот конфликт во февруари 2022 година ЕУ, за да го поддржи Киев, го суспендираше претходниот систем со кој на украинските превозници им се издаваше ограничен број дозволи, а полските камионџии тврдат дека поради тоа им паднале приходите.

Повторното воведување дозволи е главното барање на полските камионџии кои од почетокот на ноември ги блокираат главните премини меѓу Полска и Украина осудувајќи ја „нелојалната конкуренција“ на своите украински колеги.

Блокадата на полските камионџии создаде непрегледни колони возила во двете насоки на границата и претставува голем економски проблем за Украина која во голема мера зависи од патниот сообраќај за својот увоз и извоз.

Во понеделникот Полска и Украина се договорија да ги намалат редовите пред граничните премини за полските камионџии да ги пропуштат барем празните украински камиони да се вратат во Украина, што и почна. Полските камионџии „покажале волја за договор“ со тоа што се согласиле во спротивна насока да пуштат украински камиони, но и тогаш само празни, без товар.

Полскиот министер за надворешни работи Симон Синковски вел Сек ја поздрави таа одлука која овозможува од граничните премини и патиштата да заминат барем празните украински камиони и со тоа да се скратат колоните, но кажа дека тоа нема да го реши проблемот со превозот на товарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ