недела, 20 октомври 2024

Полска донесе закон против руско мешање

Објавено на

часот

Сподели

Законот минатата недела го усвои парламентот со тесно мнозинство, а опозицијата смета дека законот е насочен против неа пред есенските парламентарни избори.

Комисијата би требало да го истражи руското влијание на државните функционери или членовите на највисокото раководство и нивното дејствување на штета на интересите на Република Полска.

Дуда пред потпишувањето на законот истакна теза за наводно „руско мешање“ во изборите во низа земји, што Москва повеќе пати ги отфрли како неосновани тврдења.

„Во различни земји се води дебата за руското влијание на изборите“, кажа полскиот претседател и додаде: „Затоа го потпишувам законот“.

Односите меѓу Русија и Полска значително се влошени во последните години. Москва ја обвини Варшава за русофобија, додека полските власти, и покрај критиките, ги уриваат советските споменици и го конфискуваат рускиот имот. Како одговор на акциите на Варшава, Москва ја додаде Полска на листата непријателски земји и протера десетици полски дипломати од земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ