петок, 18 октомври 2024

Полска бара американско нуклеарно оружје

Објавено на

часот

Сподели

Програмата дозволува распоредување американски нуклеарни бомби на територијата на други држави.

Моравјецки апелот на Полкса го нарече одговор на одлуката на Москва да постави свое тактичко нуклеарно оружје во соседна Белорусија.

„Поради фактот што Русија намерава да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, ние апелираме до НАТО да ни дозволи учество во програмата за размена на нуклеарно оружје“, кажа полскиот премиер.

Конечната одлука за тоа прашање ќе биде на Вашингтон, кажа Моравјецки, додавајќи дека Варшава ја искажува својата намера брзо да дејствува во тој поглед. Полска не сака да седи со скрстени раце, кажа тој, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин дека ги засилува „сите видови закани“.

Почната во 2009 година, програмата на НАТО за размена на нуклеарна енергија предвидува американските нуклеарни бомби Б-61 да бидат распоредени на различни локации низ Европа, вклучувајќи ги Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција.

Во 2010 година германските парламентарци донесоа одлука за повлекување на нуклеарното оружје од територијата на таа земја, но оружје остана. Во април 2023 Севим Дегделен, заменик шефицата на левицата во Бундестагот, повторно побара повлекување на американските трупи од Германија, како и американското нуклеарно оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ