петок, 18 октомври 2024

Полска ѝ пркоси на ЕУ и не ја отвора границата за украинското жито на 15 септември

Објавено на

часот

Сподели

„Последиците на оваа војна не смеат да влијаат негативно на полската економија. Или Европската комисија ќе се согласи да подготви прописи кои ќе ја продолжат забраната или тоа ќе го направиме сами. Ќе бидеме решителни, ќе го браниме полскиот земјоделец“, кажа полскиот премиер во Варшава.

Моравјецки истакна дека сè што е лошо за полското земјоделие мора да биде блокирано, променето или за тоа да се платат компензации.

„Ако се појават проблеми и нови сигнали за дестабилизација на другите земјоделски пазари ќе го направиме истото. Полјаците заработуваат на транзитот на житото и тоа не се заканува со дестабилизација. Затоа тој извоз го олеснуваме и овозможуваме“, кажа тој.

Полскиот министер за земјоделство Роберт Телус заедно со министрите за земјоделство на Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка побараа од Европската комисија и по истекот на рокот за забрана на увоз од Украина на 15 септември таа да остане да важи за четири ставки – брашно, пченка, маслена репка и сончогледово семе, и да биде дозволен само транзит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ