среда, 23 октомври 2024

Полска ѝ понуди на Унгарија да ги напушти ЕУ и НАТО

Заменик министерот за надворешни работи на Полска Теофил Бартошевски, по изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан насочени против Полска, изрази сомнеж за неопходноста од членство на Унгарија во ЕУ и НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласи дека, за разлика од Орбан, неговата земја не соработува со Русија по целосната инвазија на Украина, „бидејќи тоа беше напад врз Полска, САД, Европската унија и НАТО“, пренесува Украинска Правда.

Бартошевски истакна дека говорот на Орбан веќе бил доста негативно коментиран од американската амбасада во Будимпешта.

„Навистина не разбирам зошто Унгарија сака да остане членка на организации кои толку многу не ѝ се допаѓаат и кои наводно лошо се однесуваат кон неа. Ова се заснова на принципот дека ако не сакаш да бидеш член на клубот, секогаш можеш да си заминеш. Ова е дефинитивно антиевропска, антиукраинска, антиполска политика во моментов“, заклучи полскиот министер.

Претходно, за време на планираниот говор во рамки на летниот универзитет Тушвањос во романското одморалиште Баиле Тушнад, Орбан тврдеше дека Полјаците „водат најлицемерна и неискрена политика во цела Европа“, бидејќи тие наводно „бесрамно соработуваат“ со Русија.

Односите меѓу Варшава и Будимпешта се заладија по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година поради различните ставови за овој конфликт. Сепак, Орбан претходно не ја критикуваше отворено Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ