среда, 27 ноември 2024

Полни раце работа за полицијата со криумчари на мигранти

На 07.10.2024 во 08.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија. При преглед во возилото „ауди“ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти (две од Сирија и 10 од Ирак).

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, околу 07.30 часот на локалниот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото „ауди“, со кое било и возило „бмв“, а кои веднаш потоа го напуштиле местото.

По преземени мерки и активности, прво било најдено возилото „ауди“ со мигрантите, а околу 17.00 часот во Богданци било пронајдено и возилото „бмв“. Мигрантите биле сместени во прифатно транзитен центар во Гевгелија, а за настанот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 08.10.2024 во 12.00 часот на место викано „Валандовско брдо“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран пронашле четири лица – мигранти (двајца од Непал и двајца од Монголија).

Тие биле забележани како излегуваат од патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, кое веднаш го напуштило местото. Лицата биле предадени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ