вторник, 22 октомври 2024

Политико: Без договор за Газа, набрзо ќе почне војна меѓу Израел и Хезболах

Конфликт од големи размери меѓу Израел и либанската група Хезболах веројатно ќе избие во следните неколку недели доколку не дојде до договор на Израел со Хамас за прекин на војната во Појасот Газа, укажуваат американски разузнавачки податоци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Политико наведува дека американските функционери сакаат деескалација на тензиите меѓу Израел и Хезболах, бидејќи сметаат дека тоа е полесно да се постигне отколку примирје во палестинската енклава.

Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили и Хезболах изработиле планови за борба и се во процес на обид за набавка на дополнително оружје, кажале двајца американски функционери за Политико.

Како што се наведува, војна меѓу Израел и Хезболах би ги приморала Соединетите Американски Држави дополнително да се ангажираат во регионот за одбрана на Израел и се ризикува уште една хуманитарна катастрофа, покрај актуелната во Газа.

Двајцата високи функционери истакнале дека не е познато кога точно би можела да почне војната, но истакнале дека Израел се обидува брзо да ги обнови своите залихи и капацитети на трупите.

Тие за Политико истакнале дека и покрај тоа што двете страни тврдат дека сакаат да избегнат судир, тригерот кој би можел да почне поширок конфликт, како напад од поголеми размери од која било страна, ќе се случи без најава.

Некои од европските земји, од друга страна, сметаат дека војната ќе почне во рок од неколку дена, а многу од нив, вклучувајќи ги САД и Канада, ги предупредија граѓаните да не патуваат во Либан.

Портпаролката на Советот за национална безбедност ан САД Адриен Вотсон кажа дека владата работи на „дипломатска резолуција“ за да им овозможи на граѓаните на Израел и Либан да се вратат во своите домови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ