петок, 18 октомври 2024

Политичарите ќе го решаваат проблемот со расизмот

Објавено на

часот

Сподели

Иако Британија важи за најмалку расистичка земја, пред сè во фудбалскиот свет, неколку инциденти сериозно загрижија, пред сè тој на капитенот на Челси, Џон Тери, потоа на Уругваецот Луис Суарез, како и испадите на навивачите на Ливерпул на дуелот со Олдам во ФА-Купот минатиот викенд.

Интересно е тоа што во сите случаи, фудбалерите и навивачите имале одлични соиграчи и идоли меѓи црната популација. Затоа Комитетот за култура, медиуми и спорт на 6 март ќе ги сослушаат луѓето инволвирани во овие расистички случаи.

„Загрижувачки е дека за кратко време со случија вакви низа инциденти. Мислевме дека многу одамна го клоцнавме расизмот од терените и надвор од него, но тој повторно се појави. Ова треба да се сфати сериозно. Мора да пристапиме правило за да видиме какви мерки да преземеме и што мора да се направи“, рече Џон Витингдејл, претседател на комитетот.

Тери има пријава за расизам против Антон Фердинанд од КПР, инаку брат на Рио Фердинанд од Манчестер јунајтед, долгогодишен партнер во одбраната на англиската репрезентација. Суарез, пак, со навредите „црнец“ расистички го нападна Патрис Евра, иако барем една третина Уругвајци се црнци. Ливерпул, пак, се најде на тапет поради поддршката што ја дадоа соиграчите и менаџерот Кени Далглиш со маичките за солидарност со Суарез, а потоа навивачите се изживуваа со младиот фудбалер на Олдам, Том Адејеми.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ