понеделник, 28 октомври 2024

Полицијата во Прдејци пронајде седум мигранти, криумчарите приведени

На влез во гевгелиското село Прдејци, рано утрово околу 1:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода З.Г.  и Д.М., двајцата од Косово бидејќи во возилото со кое се превезувале биле пронајдени мигранти.

Објавено на

часот

Сподели

„При контрола во возилото фолксваген туран со косовска национална ознака, кое го управува З.Г., а сопатник бил Д.М., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија„, соопштија денеска од МВР.

Тие биле задржани во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ