понеделник, 28 октомври 2024

Полицијата уапси крадец на коли во Прилеп

Полицијата уапси прилепчанец за кого се знае дека уште од летото крадел автомобили. Откриен е вчера кога украл автомобил марка опел.

Објавено на

часот

Сподели

„Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на  14 јули  одзел патничко возило марка застава 128, на 28 октомври одзел патничко возило марка тико и вчера одзел патничко возило марка опел астра.

Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило. По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, одземање на патничко моторно возило”, се вели во соопштението на МВР.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ