понеделник, 28 октомври 2024

Полицијата уапси двајца дебрани, незаконски превезувале огревно дрво

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи привеле двајца жители од село Хаме при нелегален транспорт на огревно дрво.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 14 часот, полициските службеници  ги приведоа З.К.и Т.Ш., двајцата од дебарското село Хаме. При контрола, извршена на локален пат во атарот на селото, полициските службеници ги затекнале двајцата при транспорт на огревно дрво без документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

По ова, известени биле јавен обвинител и претставници на Шумската полиција, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ