понеделник, 28 октомври 2024

Полицијата откри 29 лица кои возеле без возачка дозвола

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција казни 340 учесници во сообраќајот, најгопем број од тоа се казни за брзо возење, но се казнети и 29 лица кои возеле без возачка дозвола.

Објавено на

часот

Сподели

За брзо возење казнети се 89 возачи, двајца возачи добија казни за минување на црвено светло, осум за користење мобилен телефон при возење, на 26 возачи им се изречени санкции за некористење сигурносен појас, 10 се казнети за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ