понеделник, 28 октомври 2024

Полицијата напиша 224 казни за брзите возачи

За време на вчерашните радарски контроли на улиците и патиштата низ Македонија сообраќајната полиција за брзо возење казни 224 возачи, повеќето од нив брзале низ населени места.

Објавено на

часот

Сподели

Шест возачи ја надминале дозволената брзина за повеќе од 50 километри на час, а еден возач возел со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 116 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ