недела, 27 октомври 2024

Покрај истумбан форд полицијата затекна мигранти

Синоќа полицијата затекнала пет мигранти крај истумбано возило крај автопатот кој води кон граничниот премин Табановце.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа околу 20.30 часот на автопатот Пријателство на патниот правец од Куманово кон граничен премин Табановце во близина на селотоТабановце од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот било пронајдено патничко возило марка форд мондео со скопски регистарски ознаки, кое претходно излетало од коловозот, во чија близина биле затекнати 5 илегални мигранти, од кои 4 биле од Ирак, а еден од Сирија.

Известен е јавен обвинител, а лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се ввли во соопштението на МВР. 

Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ