петок, 18 октомври 2024
Лига на шампиони

Почнуваат полуфиналните пресметки во Лигата на шампионите

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити цели кон одмазда по минатогодишниот епски пораз од Реал Мадрид, кралскиот клуб го брани тронот и ќе направи се за таму да остане.

Анчелоти и Гвардиола немаат сериозни проблеми со повредени фудбалери, па двајцата тренери ќе можат да излезат со составите со кои посакуваат да играат.

За разлика од минатата година, Манчестер Сити овојпат има моќно оружје во името на Ерлинг Халанд кој оваа сезона ги сруши сите рекорди во Премиерлигата.

Утре на програмата е дербито меѓу Милан и Интер. Росонерите ја имаат улогата на домаќините, па тие ќе имаат поголема поддршка од публиката на Сан Сиро.

Двата градски ривали имаат многу слични сезони, играат променливо во Серија А, а во Лигата на шампионите стигнаа до полуфинале, а некој од нив ќе се бори и за големиот трофеј.

Милан и Интер оваа сезона веќе имаат три меѓусебни дуели, еднаш победија росонерите, двапати нероазурите.

На последниот меч на Милан, поради повреда предвреме излезе Леао, но информациите велат дека тој нема сериозна повреда и веројатно ќе биде подготвен за утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ