среда, 24 јули 2024

Почнува завршната пресметка за место во осминафиналето, три репрезентации веќе имаат „билет“ за нокаут фазата

Денеска започнува последното коло од групната фаза на Европското првенство, стартува финалната разврска за местата кои водат во нокаут фазата.

Објавено на

часот

Сподели

По првите две кола три репрезентации веќе го земаа билетот за осминафиналето, Германија, Шпанија и Португалија се веќе таму. Во наредните деноти уште 13 селекции треба да ги пополнат местата. Официјално елиминирана е само Полска, сите други имаат шанси.

Денеска на програмата се два натпревари од А групата, двата почнуваат од 21 часот. Шкотска игра против Унгарија, а домашната селекција на Германија за противник го има соседот, Швајцарија.

И утре ќе има два меча, а двата дена потоа по четири натпревари во два термини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ