недела, 14 јули 2024
ИТФ М25 Скопје

Почнува фјучрс турнирот во Скопје, познати се деталите

Објавено на

часот

Сподели

Победникот во сингл ќе освои награда од 3.600 долари и 25 АТП поени, додека финалистот ќе добие 16 поени и 2.120 долари. За полуфиналистите ќе има по 8 поени и 1.255 долари, а учесниците во четртфиналето ќе освојат по 3 поени и 730 долари. Еден поен ќе има за поразените во второто коло и 430 долари, додека поразените во првото коло ќе добијат 260 долари.

Во конкуренција на двојки паричната награда е за тимот и изнесува 1.550 долари за победниците (25 поени), за финалистите наградата е 900 долари (16 поени), полуфиналистите ќе добијат 540 долари (8 поени), а за второто коло наградата е 320 долари (3 поени), додека учесниците во првото коло ќе добијат само 180 долари без поени исто како во сингл.

Победникот во финалето од квалификациите ќе добие 3 ИТФ поени, а фиалистот 1 ИТФ поен.

Според програмата финалето во сингл ќе се игра во недела на 11.јуни, а во сабота на 10.јуни покрај двата поединечни меча во сингл ќе се игра и финалето во двојки.

Денеска најпрво ќе се играат осум меча од финалето на квалификациите, а потоа ќе следуваат три меча од главниот турнир во поединечна конкуренција. Од Македонците во сингл конкуренција денеска квалификациите ќе игра Стефан Мицов, додека во првото коло ќе се појави Шендрит Деари. 

Во двојки на терените денеска ќе излезат девет македонски тенисери.

Распоред на мечевите – 6.јуни (вторник)

Централен терен – почеток 9:30 часот
Тимур Биелдиугин (Украина) – Христос Кеисидис (14, Грција) – квалификации финале
Јоанис Ксилас (Грција) – Саша Жумар Вајенбург (3,Франција) – 1.коло сингл
Тибо Колсон, Кристофер Хејман (Белгија) – Обрад Марковски (Македонија), Вито Тонејц (Хрватска) – 1.коло двојки
Берк Бугариќ, Калин Ивановски (Македонија) – Саша Жумар Бајенбург, Антоан Оанг (2, Франција) – 1.коло двојки

Терен број 5 – почеток 9:30 часот
Давуд Амиров (5,Русија) – Христос Антонопулос (10,Грција) – квалификации финале
Стефан Мицов (2,Македонија) – Нини Габриел Дица (16, Романија) – квалификации финале
Шендрит Деари (Македонија) – Мирза Башиќ (БиХ) – 1.коло сингл
Христос Антонопулос, Јоанис Ксилас (Грција) – Амар Хусеиновиќ, Филип Стојановски (Македонија) – 1.коло двојки

Терен број 6 – почеток 9:30 часот
Ален Бил (7,Хрватска) – Вељко Крстиќ (11, Србија) – квалификации финале
Рихард Антони (Германија) – Лука Петровиќ (15, В.Британија) – квалификации финале
Јанаки Милев (8, Бугарија) – Неил Оберлеитнер (Австрија) – 1.коло сингл
Рајан Голсворти, Џејмс МакКинли (В.Британија) – Бесир Дургути, Томислав Јотовски (Македонија) – 1.коло двојки

Терен број 8 – почеток 9:30 часот
Кристијан Фелин (6,Италија) – Доминик Граф (9,Германија) – квалификации финале
Стефанос Скинас (4,Грција) – Ханс Алберт Шуберт (12, Чиле) – квалификации финале
Лазар Војновиќ (1,Србија) – Лука Нури (Аргентина) – квалификации финале
Елдин Хусеиновиќ, Марко Стоилковски (Македонија) – Стефанос Скиас (Грција), Ханс Алберт Шуберт (Чиле) – 1.коло двојки

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ