недела, 20 октомври 2024

Почна постапката за екстрадација на Палчо, во притвор се веќе 5 лица

Постапката за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски започна вчера, откако Министерството за правда побара од надлежните турски власти тој да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката. Тој во вторникот беше уапсен во Турција, а останатите четворица осомничени, кои претходно беа приведени, веќе се во 30 дневен притвор.

Објавено на

часот

Сподели

Во 48-часовен притвор е и возачот кој се сомничи дека му помогнал на Палевски да пребегне во Турција. Стефан Димковски е од Струмица и го возел Палевски од Белград, преку Бугарија до Турција и тој негирал дека во тие моменти знаел дека во неговиот автомобил има лице кое е осомничено за двојно убиство. Тој за време на превозот постирал на Фејсбук и фотографија од Турција. 

с

 Од вчера во притвор е и адвокатот Васко Стојков, со кого Палевски замина во Белград.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. За нивното убиство, покрај Палевски, се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината. Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата. 

Според Обвинителството, Палевски, Манев, Кешишов и Видевски, четворица како соизвршители сториле две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин, од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие, додека, петтиот осомничен, таткото на Вања, им помогнал при извршување на кривичното дело грабнување на малолетно лице.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера го изготви барањето за екстрадиција на Палевски од Турција.

Министерството за правда Кренар Лога претходно информираше дека постапката за екстрадиција е започната и дека побарале од надлежните турски власти Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката. Во неа, како што појаснија од Министерството, треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција и сите документи да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција), по што барањето се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ).

Во меѓувреме на социјалните мрежи е креирана и група, која во моментот брои над 100 членови, која бара правда за Палчо. Во групата насловена како „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панчо, правда за Македонија“, членовите изнесуваат теории на заговор дека случајот е монтиран, со цел Палчо да се тргне од политичката сцена. Во нивните теории на заговор, радикалните десничари сметаат дека случајот е смислен од УДБА, ЦИА и НАТО за „заплашување на македонскиот порив за родољубие и за одбрана на канонската чистина на православието“.

Министерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата на која го обелодени апсењето на првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо во Турција во вторник истакна дека мирот и стабилноста во државата никој не може да ги загрозува и дека партијата на Палевски мора да биде дерегистрирана. 

„Вакво криминално гнездо како што е направено, мора да се разбие до крај. И такви политички партии кои со, не знам какви проминенции тоа го прават, како што е оваа, таа мора да биде дерегистрирана“, рече Спасовски.

Шефот на државата Стево Пендаровски вчера истакна дека водењето на политика, која поттикнува етничка омраза е опасно, особено за мултиетничка држава како Македонија, а особено лоша пракса е на трагедиите, како последната со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да им се дава етничка конотација и на жртвите, но и на сторителите.

По екстрадацијата, се очекува Палевски да биде спроведен пред органите кои ја водат истражната постапка, а Јавното обвинителство денеска треба да ја соопшти и одлуката во врска со потенцијално продолжување на мерката притвор за Стефан Димковски и Васко Стојков кои му помогнале на Палевски да избега до Белград, а потоа и во Турција. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ