петок, 18 октомври 2024

Почна да се врши работата, во Аеродром се коси тревата, нов концепт на одржување на јавните површини (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

„Свесни за фактот дека хигиената во Аеродром може да биде на повисоко ниво, на почетокот на оваа година, ветивме дека ќе работиме на нејзинo унапредување и подобрување и тие ветувања ги реализираме оваа пролет. По реакциите и забелешките од граѓаните воведуваме нов концепт на уредување, чистење и косење во општината“, истакна Муцунски и вели дека станува збор и за соработка со приватен партнер.

к

Здружени и со ваша поддршка ги решаваме најважните проблеми и предизвици. Новиот концепт започна да се применува од четвртокот и за само два дена целосно искосени се 80 илјади квадратни метри зеленило во Аеродром, нагласуваат од Општината и велат дека со ова темпо продолжуваат и следните денови.

м

„Убеден сум дека, многу скоро ќе ја постигнеме, нашата заедничка цел: целосно зелена, уредена, убава и чиста општина Аеродром“, вели Муцунски во својата објава.

л

                                                                                                         Фотографии: Општина Аеордром

Инаку, МКД,мк вчера регистрира голема акција на косење на тревата во населбата Ново Лисиче каде од тревиштата речиси и не се гледаа клупите за одмор. Таму со „грин машин“ се чистеа и плочниците меѓу зградите, како што забележа нашиот фото-апарат.

г

                                                                                                                                                 Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ