понеделник, 25 ноември 2024

Почит од Камала Харис за македонските Американци: Ги славиме извонредните достигнувања на Македонците

Во писмото упатено до Обединетата македонска дијаспора, американската потпретседателка и кандидат за шеф на државата, Камал Харис ѝ оддава почит на македонско-американската заедница за огромното влијание и богата култура што ѝ ги донела на американската нација.

Објавено на

часот

Сподели

„Минатиот месец беше особено значаен, бидејќи се одбележа независноста на тогашната Република Македонија од Југославија на 8 септември 1991 година – извонредно достигнување што ја отелотворува издржливоста и трајниот стремеж како единствена земја која ги достигна својата независност и слобода по мирен пат“, наведува американската потпретседателка, Камал Харис во писмото упатено до Обединета македонска дијаспора (ОМД).

Во писмото до ОМД, Харис наведува дека „ покрај придонесите кон економијата и културата, македонските Американци активно се вклучуваат во нашата демократија. Многумина служат во законодавните тела и граѓански организации, рефлектирајќи ги принципите на слобода и заедница што ја прават нашата држава посилна. Нивната посветеност во граѓанскиот сектор е инспирирачка и клучна за здравјето на нашата демократија“.

Потпретседателката на САД, Камала Харис, оценува во писмото дека „силното присуство на Македонци во држави како Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Флорида, Пенсилванија и Калифорнија, говори доволно за трајниот придонес. Македонските Американци се истакнаа во различни области – независно дали се работи за бизнис, технологија, уметност или медицина. Претприемачите ја зајакнаа нашата економија, спортистите донесоа дома олимписки медали, а уметниците го збогатија нашиот културен пејзаж, истакнувајќи ги неверојатните таленти што произлегуваат од оваа заедница“.

Во писмото на крајот, Харис порачува: „Ги славиме не само извонредните достигнувања на Македонците, туку и богатото наследство што вие продолжувате да го градите. Ајде да се здружиме за да го признаеме длабокото влијание на македонските Американци во обликувањето на разновидниот дух на САД. Вашите придонеси ја подобруваат силата и карактерот на нашата нација и со нетрпение очекуваме да го продолжиме овој пат заедно“.

Пред неколку недели, Обединета македонска дијаспора (ОМД) испрати прашалник до кампањите на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и до актуелната потпретседателка Камала Харис со релевантни приоритети и барања од македонско-американската заедница. Ова, како што наведуваат од ОМД, е можност директно да се слушне од претседателските кандидати за прашања што се важни за македонските Американци.

„Прашањата се однесуваа околу прогласувањето на септември за месец на македонско-американското наследство, засилување на стратешкиот дијалог и партнерство меѓу САД и Македонија, за потенцијален договор за двојно оданочување меѓу САД и Македонија, како и за вклучување на Македонија во програмата за укинување на визи за САД“, велат од ОМД.

Се проценува дека во САД живеат над половина милион Американци со македонско потекло.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ