На 30 ноември вечерта и на 1 декември воздухот во Скопје беше опасно загаден и градот се најде меѓу десетте градови во светот со најлош квалитет на воздухот, пред и зад Скопје беа големи индустриски центри од Азија.
На расчстувањето на загаденоста од вчера влијае продорот на југоисточен ветер кој го проветри градот од застоениот воздух, а прогнозата за повремен дожд во наредните часови и денови треба да влијае загаденоста да се намалува.
Селак, податоците на интернет страницата Ваки (Waki), на која Град Скопје вчера сугерираше медиумите да се повикуваат, покажува висока и опасна концентрација на ПМ 2,5 честичките во дел Ѓорче Петров, а нешто пониска во други населби од западните делови на Скопје.