среда, 30 октомври 2024

Почина екс разузнавачот Диневски еден од „осумтемина од МВР“

Александар Диневски е поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од таканаречените „осумтемина од МВР“, од последните години пред распадот на екс Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Веста за смртта на Диневски се рашири преку социјалните мрежи на кои бројни граѓани упатуваат сочуство за неговата смрт.

Својот работен век Диневски го помина во безбедносните служби. Пошироката јавност го запозна неспосредно пред распадот на поранешна Југославија како дело од таканаречените „осиммина од МВР“, група која ја најави демократизацијата на Македонија, а која во 1989 година беше суспендирана од работа со решенија на тогашниот републички секретар за внатрешни работи Јован Трпеноски.

Диневски е и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 90-тите години од 20 век беше дел од информативниот центар на партијата, познат како КСИО.

Александар Диневски беше еден од осудените во случајот „Шпион“ за злосторничко здружување, оддавање државна тајна и шпионажа, случај кој за многумина сѐ уште претставува монтиран политички  случај за елиминација на неистомислениците со поранешната власт предвоедена од екс премиерот Никола Груевски.

По излегувањето од затвор Диневски работеше како приватен детектив во својата приватна детективска агенција.

Eве како еден од осумтемина, Гроздан Цветковски, се прости од неговиот соборец „Маркс“: Последно збогум, Александар Диневски, наш Маркс. Другар и соборец од „осуммината величенствени”!
Сега, горе од небото, продолжи да го поставуваш нашето реторичко прашање од пред три децении: „За што се боревме”? Знам дека одговорот секогаш ќе биде ист: „За ништо”!
Остануваат само нашето другарство, младешки занес и силната верба во подобро утре. Останува нашиот недосонуван сон! Почивај во мир, драг мој Маркс!

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ