недела, 20 октомври 2024

Почина американскиот новинар кој беше уапсен во Украина по критикувањето на владата на Зеленски

Американскиот водител Такер Карлсон извести дека американскиот новинар Гонзало Лира, кој претходно ги критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Џо Бајден, починал во украински затвор по „долго мачење и тешко боледување“.

Твитер

Објавено на

часот

Сподели

Карлсон ја сподели оваа информации повикувајќи се на таткото на Лира. Според него, новинарот бил држен во изолација повеќе од осум месеци, а американската амбасада во Украина не направила ништо да му помогне.

55-годишниот Лира беше новинар, блогер, писател и филмски работник кој работел и во Холивуд. Напишал неколку романи на англиски и шпански, а во 2010 година се преселил во Украина каде и се оженил. Живеел во Харков.

По почетокот на руската инвазија на Украина, Лира почна активно да следи и известува на социјалните мрежи за борбите. Кажуваше дека ја сака Украина и нејзиниот народ, дека сето тоа е трагедија, но инсистираше дека конфликтот го испровоцирала владата на Зеленски и нејзините поддржувачи на Западот. Напомена дека Украина нема шанси да ја победи Русија и предвиде пораз.

Ги критикуваше западните медиуми кои Украина ја претставуваа како демократија, зборувајќи за огромна корупција во владата и објавувајќи список на критичари на Зеленски за кои тврдеше дека исчезнале.

Кога и самиот Лира исчезна во април 2022, имаше тврдења на социјалните мрежи дека е убиен и дека тоа го направила украинска неонацистичка група. Новинарот се врати на социјалните мрежи неколку недели подоцна, објасни дека го привела Украинската служба за безбедност, дека бил пуштен без обвинение, но дека му било наложено да не го напушта Харков. Профилите на социјалните мрежи му беа блокирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ