Погба по повеќе од една година стартуваше на еден натпревар и за жал мораше со солзи да го напушти во 24. минута откако повторно се повреди.
Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Фаџоли во 55. минута погоди за 1-0, а Бремер во 79. минута ги постави конечните 2-0.
Јувентус доаѓа до позиција и да му бидат одземени девет бодови да има шанси за место во топ четири. Тоа ќе зависи и од резултатот на нивниот дуел против Милан кој е во претпоследното коло.