„Тој е осомничен за кривично дело запуштање или злоупотреба на дете или малолетно лице и за кривично дело неовластено набавување, поседување и продавање оружје“, изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на Обвинителството Адмир Арнаутовиќ.
Против осомничениот е отворена истрага, а истиот ден кога се пукало тој бил уапсен.
Ученикот, кој на крајот на јуни ќе наполни 14 години, е осомничен дека со пиштол тешко ранил наставник по англиски јазик во основното училиште во Лукавац кај Тузла.
Според претходните информации на Обвинителството, малолетникот испукал неколку куршуми кон наставникот, а со еден го застрелал во вратот. Овој ученик кон крајот на минатата година бил префрлен во друго училиште во тој град поради изречена дисциплинска мерка.
Од Обвинителството претходно соопштија дека осомничениот за престрелката нема да биде гонет бидејќи е дете.