понеделник, 28 октомври 2024
Ќе се прави обдукција

По снаата, почина и свекрвата која ја правеше питата од која семејството доби труење

По снаата, денес почина и свекрвата која ја правела питата во која најверојатно имало пестицид метомил (карбамат), попознат како ланате, по што со симптоми на труење целото семејство, син, мајка и снаа беа хоспитализирани. Жената на возраст од 47 години почина пред две недели, а по денови минати во кома денеска почина и нејзината свекрва. Од Основното јавно обвинителство Скопје денес известија дека е издадена наредба за обдукција.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување. Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејства“, соопштија од обвинителството.

Семејството кое живееше во ист дом во општина Кисела Вода, јаделе домашна пита во дворот по што сосед ги видел дека се легнати на земја и притрчал да помогне. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ