Ким имаше извонредна сезона во Наполи со кој го освои Скудетото, но дефанзивецот од Јужна Кореја брзо си заминува од Италија.
Тој постигнал договор со Баерн Минхен и наскоро ќе стави потпис на петгодишен договор со Баварците.
Баерн Минхен ќе ја плати откупната клаузула која според некои медиуми изнесува 70 милиони евра.
Според „Скај Спорт Италија“, откупната клаузула на Ким е 70 милиони евра за големи клубови кои остваруваат голем приход, таков е Баерн МИнхен. За клубови со среден и мал приход откупната клаузула е 50 милиони евра.