Откако со 2-0 во сетови го победи аргентинскиот тенисер Ечевери, Ѓоковиќ на камерата каде што вообичаено се потпишуваат победниците, напиша порака за жртвите од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
„Св. Василиј Острошки, моли го Бог за нас. ОУ „Рибникар“, напиша Ѓоковиќ на камерата.
„Сакам само на сите да им кажам дека најискрено ми е жал. Немав шанси до денес да се обратам на јавноста за тој масакр кој се случи во училиштето „Рибникар“. Најискрено сочувство до сите семејства на кои им загинаа децата. Јас како родител на две деца можам само да замислам како се чувствуваат родителите. Им посакувам сила и љубов и се надевам дека ќе го преболат ова“, изјави Ѓоковиќ по мечот.