сабота, 13 јули 2024

По голема борба Македонија ја победи Хрватска

Објавено на

часот

Сподели

Македонија и Хрватска водеа голема борба која траеше пет сета, на крајот нашата репрезентација излезе како победник.

Одлично го почнавме мечот, првиот сет го добивме со 25-17, така и продолживме, вториот го добивме со 25-22 и поведовме со 2-0 во сетови.

Следуваше период на Хрватите, кои го добија третиот сет со 25-22. Во четвртиот тие имаа предност од 19-13 но Македонија успеа да се врати и да го однесе сетот во исклучително драматична завршница. Пропуштивме три меч топки, Хрватите го добија сетот со 31-29 и се отиде во петти решавачки сет.

И во петтиот сет се водеше голема борба, го добивме со 16-14 и со 3-2 победивме.

Никола Ѓорѓиев со 30 поени беше нашиот најдобар поединец на мечот, одличен беше и Љафтов со 15 поени.

Во вториот меч од групата Украина со убедливи 3-0 ја совлада Белгија. 

По три одиграни кола Украина има максимални девет бодови на првото место, ние сме втори со пет бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ