петок, 18 октомври 2024

Платини: Видеотехнологијата не е за фудбалот!

Објавено на

часот

Сподели

Француската фудбалска легенда Платини најави дека видеотехнологијата воопшто не треба да се вклучува во фудбалската игра, без оглед што притисокот за нејзино вметнување кулминира во минатите две години, поради многубројните судиски грешки и превиди.

Интернационалниот борд (ИФАБ), единствениот што може да менува правила во фудбалската игра, во март треба да донесе одлука за тоа дали видеотехнологијата ќе биде дел од фудбалот, како помош за судиите. Засега најголем дел од фудбалскиот свет со широки раце ја прифаќа идејата, која треба да се инаугурира на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

„Видеотехнологијата не е за фудбалот. Човечкиот суд е подобар. Фудбалот станува популарен благодарение на човечките вредности. Ако се искомерцијализира тоа, ќе се загуби популарноста“, вели Платини за весникот „Л’Екип“.

Најголеми заговорници за употребата на видеотехнологијата, која моментно се тестира низ низа платформи, се Англичаните по спорниот меч со Германија на Мундијалот во 2010 година, иако до пред СП беа изричито против, особено откако нивниот најдобар судија, Хауард Веб, доби смртни закани за делењето на правдата на Евро 2008 во Австрија и во Швајцарија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ