петок, 18 октомври 2024

Платини: Меси да се докаже на СП за да биде најголем

Објавено на

часот

Сподели

Меси вчера на гала-свеченоста во Цирих успеа на само 24 години да освои три „златни топки“ и со тоа да го достигне Платини, кој беше единствен во историјата што има три победи во најпрестижниот избор (1983-86), кој е со традиција од 1956 година наваму.

За Платини нема сомнение дека светска титула со Аргентина, ќе го направи Меси најголем во историјата, со оглед на доминацијата на младиот волшебник со Барселона во изминативе години.

„Сите паметат што направи Диего Марадона во 1986 година и никој не памети што направил со екипите на Наполи или Барселона. На луѓето во мислите им е светското првенство. Меси секогаш ќе биде голем играч со или без освоено светско првенство, како што е Јохан Кројф. Но триумф на Мундијалот е нешто посебно“, рече Платини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ