Полициски службеници, во придружба на рентген операторот, информираа денеска од МВР, извршиле увид и во куферот на И.М.(76) од Гостивар пронашле пиштол „Ekol Jackal Dual“.
„Со И.М. бил извршен разговор, при што таа изјавила дека пиштолот припаѓа на нејзиниот син и заборавила дека е во куферот. Пиштолот бил одземен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, појаснуваат од МВР.